Војната во Украина и македонските евтини филмски приказни

///

Пишува: Атанас Величков

„Тука се води борба! Ми треба муниција, а не транспорт“, со овие зборови претседателот на Украина Владимир Зеленски ја одбил понудата на Вашингтон да го евакуира од Киев. Информацијата доаѓа од агенцијата АП, која се повикува на висок разузнавач.

Во истото време градоначалникот на Киев, поранешниот светски првак во бокс и мултимилионер Виталиј Кличко, наместо да отиде некаде далеку од огнот што го разгоре Путин и да пишува твитови со повици за крај на руската агресија, одлучи да остане со своите сограѓани и да се бори рамо до рамо со нив, против лудоста на поранешниот полковник од КГБ и ФСБ.

Истата лудост, како што самиот вели го натерала и поранешниот претседател на Украина, „Кралот на чоколадото“ Петро Порошенко да фати оружје во рака во одбрана на својата татковина и покрај фактот што се наоѓа под истрага за трговија со проруските сепаратисти за време на неговиот претседателски мандат.

Овие тројца украински државници се убав пример за тоа како се брани одреден идеал и како достоинството има многу поголемо значење од личната безбедност. Можеби ќе паднат во борбата, но барем нема да го остават жигот на срамот на своето потомство.

Додека Украина гори поранешниот прв дипломат на Германија Михаел Рот наместо да го повика неговиот поранешен партиски лидер Герхард Шредер да ги напушти сите позиции во Газпром и Роснефт, одлучи од високата камбанарија на претседател на комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг преку твитови да дели напатствија за тоа како ЕУ треба да ги реши проблемите со земјите од Западен Балкан и секако да пресече дека Бугарија треба да ја тргне блокадата пред РС Македонија за почеток на преговорите со ЕУ. Блискиот пријател на Никола Димитров не се повлекува од позицијата, исто како Зеленски, Кличко и Порошенко, со единствената разлика што неговата муниција не се патроните за калашников или митралез туку твитовите, кои будно се следат од неговите идеолошки следбеници од двете страни на македонско-бугарската граница.

Прв се јави „еден од малкуте интелигентни Бугари“, како што се вели за професорот од Софискиот универзитет Ивајло Дичев во поголемиот дел од писанијата на расистичкиот гној на социјалните мрежи. Истиот тој гној „кој нема ништо заедничко со монголо-татарите“, нема проблем да цитира еден докажан нео-либерал како професорот.

Дичев во колумна за бугарската редакција на DW објавена на 25.02.2022 г. (еден ден по инспиративните твитови на Рот) со наслов Во Русија, но и во Бугарија: историски комплекси, лаги и фантазии меѓу другото пишува:

„Користењето на историјата за политички цели не е од вчера; во последниве години, сепак, станува сè понаметливо. Погледнете ја само нашата уцена кон Северна Македонија. Главните аргументи се всушност сосема слични на оние на Путин. Била држава измислена од Коминтерната, немала идентитет, всушност таму зборуваа бугарски јазик. Штом се појавила под одредени историски околности, тогаш нема реалност – иако ние ја признавме како држава, исто како што Русија ја призна Украина, приближно во исто време. Абе фала богу немаме сериозна војска да одиме да си ја земеме како што веќе сме пробувале!“

Површноста на изнесениот став од страна на професорот зборува сама за себе. Таа е прекрасно дозирана за лица кои прочитале, но не дочитале. Но споредбата е ужасна, бидејќи можеби професорот не е запознат, но Бугарија наместо гранати во станбени згради, донира во РС Македонија медицинска техника и гради центри за деца и возрасни со аутизам. Значи, РС Македонија не е измислена од Коминтерната, туку коминтерновскиот македонизам, дарежливо помаган и од бугарските комунисти до средината на 80-те години на минатиот век. Меѓутоа, со писанија и публикации штитејќи го сопствениот идентитет во Пиринска Македонија, е измислена работа, која како геостратешки проект на целосно антибугарска основа и денес ја кочи РС Македонија да се демократизира и да погледне со еден објективен поглед кон историските и современите реалности.



Во однос на Бугарија зборовите на Димитар Талев дека таму ќе умре последниот комунист се повеќе од пророчки. Истите можат да се заменат и со последниот русофил. Тоа е навистина добра причина за самокритика од комсомолски тип, бидејќи токму на тоа потсетуваат писанијата на професорот Дичев.

Денеска повторно во DW, (овој пат во македонската редакција) беше објавена колумната на Љупчо Поповски насловена „Империјални и други сништа“ , од која станува јасно дека сништата на Путин се империјални, а сништата на Бугарија се во графата други- Санстефански.

Поповски е дециден дека блокадата на Бугарија за РС Македонија може да се нарече „бугарска криза“, „се додека не заврши нејзината носталгија (санстефанска или средновековна, сеедно) за некаква поранешна големина или единствена матица за луѓето од денешна Македонија во отоманското време. И носталгијата за потеклото на македонскиот јазик“.

Сепак новинарот Поповски се потрудил да не биде толку површен како својот соидејник од Софија, бидејќи спомнал и за заедничките работи што ги има Бугарија со својот помал сосед. Една од тие работи толеранцијата кон промената на имињата на живи и мртви. Во живковистичка Бугарија им ги менуваа имињата на Турците, Ромите и помаците, а во демократска РС Македонија некој ги промени имињата на комитите од четата на Скочивирчето на плочата во прилепското село Клепач и тоа помина онака речиси незабележано. Никој од т.нар. македонска политичка, научна или новинарска „елита“ не го крена својот глас за осуда. Сите бранители на македонизмот нападнат од „бугарските носталгии“ бучно молчеа.

Друга заедничка работа на Софија и Скопје во последно време се нискобуџетните филмски приказни, во кои како главни и споредни ликови се јавуваат луѓе, кои обидувајќи се да одработат токму против „бугарските носталгии“ зачудуваат со својата вулгарна извештаченост и манија да се претстават како патриоти, чии погледи кон иднината.

Светлата иднина… Истата комунистичка мантра која однесе милиони животи и денес треба да биде прифатена од нејзините жртви. Навистина е вулгарно.

Колку жални во сета оваа ризница од подпросечни „уметнички дела“ изгледаат оние што својата омраза ја оправдуваат со самоповиканите експерти (од Скопје и Софија), кои упорно зборуваат за светлата иднина.

Кај нас примери како Зеленски, Кличко, па дури и Порошенко, којшто е под истрага не се наоѓаат лесно, затоа и умерените и радикалните борци против „бугарските носталгии“, мораат да се задоволат со тоа што им се нуди како модерна и напредна мисла.

Беда во боја. Беда облечена во кратки панталони и бели термо чорапи.

Претходна статија

Амбасадорите на земјите од ЕУ, САД и Велика Британија во РС Македонија со собир пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во земјата ја искажаа својата подршка кон Украина и украинскиот народ

Следна статија

Бугарскиот генерален конзулат во Одеса им помага на Македонците да ја напуштат Украина

Најново од Истакнато

Кандилце за душата

Пишува: Румен Леонидов В началото не бе Словото. В началото начело беше Светлината, която възсия чрез