Одбележуваме 73 години од смртта на д-р Христо Татарчев, прв претседател на ВМОРО/ТМОРО/ВМРО
На денешен ден во Торино, Италија 1952 г. умира ХРИСТО НИКОЛОВ ТАТАРЧЕВ, првиот председател на ВМОРО. Роден е на 16-ти декември 1869 г. во Ресен. Учи во родното место, Брацигово и Пловдив. Во 1885 г. учествува во подготовката на Соединението на Источна Румелија со кнежеството Бугарија, организирано од БТЦРК. Се вклучува како доброволец со Македонскиот батаљон во Српско-бугарската војна. Покасно студира медицина во Цирих и Берлин и дипломирал 1892 г. Потоа е поставен за училишен лекар во Бугарската машка гимназија „Св. Кирил и Методи” во Солун. Тој е еден е од учесниците при формирањето на ВМОРО на 23-ти октомври 1893 г. во Солун и е избран за прв претседател на ЦК. Во почетокот на 1901 г. е осуден на 5 години затвор. Заточен е во Подрум-кале, Мала Азија. Амнестиран е на 19-ти август 1902 г. При крајот на 1902 г. е именуван за член на Задграничното претставништво на Организацијата во Софија. За време на Балканските војни и Првата светска војна д-р Хр. Татарчев е воен лекар во редовите на Бугарската армија. Во периодот меѓу двете светски војни се оддава на публицистика. Извесно време по војната живее во Италија. Од 1941 до 1943 г. живее во Ресен, а потоа во Нова Загора. По војната доаѓа за кратко во АСНОМ-ска Македонија, но е предупреден дека ќе му се случи нешто лошо и му се кажува дека за него како „Бугараш“ нема место во СР Македонија. Бега во Бугарија, а во 1949 г. се преселува во Италија, каде што живее до крајот на својот живот.
“Се расправаше надолго врз целта на организацијата и посетне застанавме врз автономијата на Македонија со предимство на Бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме гледиштето „Непосредно присоединување на Македонија со Бугарија“, зашто видовме, дека тоа ќе се сретне со големи тешкотии поради противдејствата на Великите сили и аспирациите на соседните мали држави и Турција. Ни минуваше низ умот, дека една автономна Македонија сетне би можела полесно да се присоедини кон Бугарија, а во краен случај, ако тоа не се постигне, ќе може да послужи за обединителна алка на една федерација на балканските народи… Кога се установивме врз целта на нашата организација, во истото време се фативме да го изработиме и уставот на организацијата. Имавме на рака еден том ЗАПИСКИТЕ на Захари Стојанов и нив ги зедовме како образец за уставот на Бугарскиот револуционерен комитет…“
“Јас, долупотпишаниот д-р Христо Николов Татарчев, населен во Торино, Италија, го напишав своерачно следниот тестамент, по слободна волја и целосно сознание без какво и да е надворешно вмешување или принуда, со кое го оставам во наследство на жена ми Софија, д-р Христо Николов Татарчева, Петро Логотети, која живее исто како и јас привремено во градот Торино, Виа Гилберти 24, целиот недвижен имот, идеалната половина дел од куќата која се наоѓа на аголот на улицата Цар Борис и Егзарх Јосиф во Софија, Бугарија и сите парични суми, кои се наоѓаат во бугарските и италијанските банки и ја правам моја единствена наследничка по тестамент, согласно законите на мојата држава Бугарија. Моја желба е по нејзината… издршка до смртта, ако остане нешто од мојот идеален дел од гореспоменатата куќа да биде дадено по еднаков дел на општините кукушка и ресенска – Македонија, за просветно – културни цели, ако последните општини се во пределите на голема Бугарија; во спротивен случај да се даде за просветителни културни цели на општините на кој и да е македонски град кој останал под бугарска власт… Со овој тестамент ја изразувам последната моја волја и ги обезвреднувам сите претходни своерачни тестаменти напишани од мене. Овој тестамент го завршувам денес на шести јули илјада деветстотини и четириесет и втора година, во градот Торино, Италија во присуство на моите сонародници д-р Христо Манов, д-р Тома Флоров и архитект Никола Дулгеров, сите населени во Торино. Д-р Христо Татарчев”
РАКОПИСНО ЗАВЕШТАНИЕ (тестамент) на Христо Татарчев.