Одбележуваме 73 години од смртта на револуционерот и припадник на ВМРО Сребрен Поппетров
На 17-ти ноември 1950 г. во Софија умира револуционерот, обштественик, политичар и истакнат деец на ВМОРО – СРЕБРЕН ПОППЕТРОВ. Роден е во с. Горно Врбени (Екши Су) леринско, 1870 г. Учи во Бугарската гимназија во Солун, а потоа работел како учител три години. Завршил словенска филологија во Софија и потоа предавал во Бугарското педагошко училиште во Скопје. Покасно во Женева студирал на Правниот факултет. Се вратил во Македонија и предавал во Солун и Сер. После Младотурската револуција учествува во создавањето на управното тело на Сојузот на Бугарските Конституциони Клубови и го редактирал нивното гласило. Бил училишен инспектор во Сер, а потоа предавал во Бугарската гимназија во Солун. Во 1910 г. бил делегат на првиот обшт собор на Бугарската матица во Солун. За време на Првата светска војна е Бугарски окружен управител во Битола и Куманово. Тој ги организира македонските емигрантски братства во Бугарија, а потоа го организира основачкиот конгрес на МПО – Македонската Патриотична Организација во Америка. Покасно во согласност на ВМРО е назначен за окружен управител на Петричкиот округ и бил депутат во Народното собрание. Бил член на Илинденската организација во Бугарија и соработник на „Илустрација Илинден“. Од 1928-1931 г. С. Поппетров бил главен инспектор-организатор на црковно-училишното дело на Бугарите во Албанија.
“Македонија за Македонците е лозунгот на Македонските братства во Бугарија. Истиот лозунг го извикуваат сите Бугари од сите краишта како посакувана и искрена желба. Тој лозунг брзо си пробива пат и меѓу другите народности во Македонија. Македонските братства не се задоволуваат само со извик. Бугарите од Македонија поддржват и засилуват јавна организација со зацртаната цел – автономијата на Македонија – форма на управување-еднакво потребна еднакво полезна за сите народности во таа несреќна за сега земја. Никоја народност не мислела, не дејствувала, не се жртвувала толку многу за слободата на Македонија, колку Бугарите во неа. Другите народности вкупно заедно немат сторено дел од тоа што сме сториле ние…
…Годините врват, настаните се менбат, ќе настапат моменти благопријатни, сите македонци треба да се будни на нивните позиции и да ги ловат здружено благопријатните моменти за извојување независността на Македонија. Не е простено за вистинските синови на Македонија, да се раѓат в неа, да се хранат таму да ги изкористуват нејзините убавини и богатства, да мечтаат за спокојство, ред и среќа во неа и да не работат за нејзината слобода – сите задружено.
Македонци-Бугари од сите струи, македонци-Турци от сите секти и партии, Грци, Срби, Власи и вие трговци Евреи, кои живеете во Македонија, Власи македонци и сите други народности, кои ја газите светата македонска земја, разбудете се, заинтересувајте се искрено за судбата на Македонија, организирајте се, во името на автономниот принцип и докажете, дека не само Македонија е за македонците, а и нејзините синови – без разлика на вера и народност сме за Македонија.“