Одбележуваме 78 години од смртта на духовникот, просветител и револуционер од редовите на ВМОРО отец Тома Николов Христов
На 18-ти август 1946 г. во Софија умира ТОМА НИКОЛОВ ХРИСТОВ, духовник, револуционер на ВМОРО и просветител.
Роден е 1863 г. во кичевското село Вранештица. Учи во манастирот Св. Богородица Пречиста, а потоа бил учител во Варош, Прилеп и Кичево. Се запишал во Бугарската гимназија во Солун, а покасно е ракоположен за ѓакон и во тек на 10 години бил учител во Битола. После бил екзархиски пратеник во Дебар. Ракоположен е за свештеник и бил архиерејски намесник во Кичево. Т. Николов станва член на Битолскиот револуционерен окружен комитет и е близок соработник на Даме Груев, Пере Тошев, Атанас Лозанчев, Борис Сарафов и Христо Матов. Лежи една година затвор заради револуционерната дејност. Во 1902 г. влегува во четата на капетан Тома Давидов од Ловеч, а после неговата смрт во четата на Славејко Арсов. Зел учество во Смилевскиот конгрес. По Илинденското востание станва секретар во Бугарската обштина во Кичево. При откривањето на Лигушевата афера осуден е на доживотен затвор, но после Уриетот е амнестиран. Избран е за делегат на основачкиот конгрес на Сојузот на Бугарските конституциони кругови. Потоа станал председател на Бугарската црковна обштина во Ениџе Вардар, а покасно бил назначен за управител на Бугарската воденска епархија. После Балканските војни е затворен од грчките власти во Еди куле, Солун. За време на Првата светска војна бил свештеник во Единаесеттата дивизија на Бугарската армија.
Тома Николов после војната се населува во Бугарија, каде што и умира.
“Првото семе за револуционерната организација се посеја од Смилевецот Даме Груев во Битола. Првите пионери за разпространување на револуционерната идеја беа учители. На почеток во Битола се формира еден интимен кружок од неколку лица посветени во револуционерното дело на чело со Пере Тошев, Ѓорче Петров, Анастас Лозанчев и Георги Пешков. Тој кружок почна од ден на ден да се шири, така што пушти пипала во целиот град – од крајните Бугарски маали. По тој начин се поставија здрави основи на организацијата. Во Бугарската црква Св. Богородица каде што прислугата беше посветена на делото, даваа заклетва тие кои се огласуваа. За да се подржи револуционерниот дух кај посветените, им се даваше да читат револуционерна литература – весници, брошури, донесени по канал од Бугарија. Со особена воодушевеност се пееја револуционерни песни по свадби и гоштевки.
Никој од учителите немаше достап до Бугарските семејства кои се држеа како аристократи. Мише Велков произлегуваше од видно семејство. Даме, Пере, Ѓорче му влегоа под кожата и станаа негови блиски другари. Преку него организацијата разположи видни семејства да станат нивни соучесници, така што ги привлекоа нивните синови.
Во 1896 г. беше фатен кираџијата Доне со бомбите. Ефектот беше голем и се потресе целиот град. Бугарите ликуваа, а другите народности наведнаа глава, како слана да ги попари. Сите се уверија дека се готви нешто страшно. И покрај жестоките измачувања Доне се покажа тврд Бугарин и никој не издаде. Турските власти почнаа сериозно да го следат секое движење во Бугарските маали.
1897 г. беше златната епоха во Битола. На педесетница се издигна Бугарскиот триколор во центарот на градот. Тој ден беше Великден за Бугарите. Целиот град изврви пред трговското агентство да го види Бугарското знаме, а Бугарите не можеа да ги задржат солзите од радост. На крајот од истата година дојде друга радост за битолските Бугари. За Божикните празници пристигна за Битолски митрополит Григори, бивш Охридски, а за Дебарски дедо Козма. Ентузијазмот на битолчани не може да се опише. Од тие две важни случувања националниот дух на Битола уште повеќе пламна.
По убиството на поп-Ставре Даме беше уапсен и го замени А. Лозанчев. Даме извојува убава положба меѓу затворениците и управата на затворот. Турците го нарекоа ПРИНЦОТ НА БУГАРИТЕ.
Бројот на четници почна да се зголемува и со влегувањето на чети од Бугарија. Битола беше во пламен од револуционерниот дух. Смело може да се каже дека Битола личеше на престолнина на некоја држава, која се наоѓа при мобилизација, во навечерието на војна.
Смилево со својата географска местоположба, вгнездено во недрата на Бигла планина, со чисто Бугарско будно население, без никаква друга примеса, после Битола, беше главен пункт на органицацијата. Во тоа село предавство не се случи. Самите селани по потекло се мијаци. Битола беше електричната машина која се вртеше и пушташе струја во сите околии, додека се дојде до Илинденската епопеја.“
КАКО СЕ ДОЈДЕ ДО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ, 1936 г.
“Од како Бугарштината стапи здраво на своите нозе во западна Македонија, кога селата едно по друго минаа под крилото на Екзархијата и си создадоаа училишта и цркви, гркоманите во Битола се фалеа пред нас Бугарите и не’ јадосваа, дека не само владика, но дури и ѓакон сме немале. Прашањето на владика беше мачно за разрешување за тие времина – требаша да се издејствува специјален берат од султанот – а што се однесува до ѓаконскиот чин, тоа беше внатрешно прашање на црквата и, затоа желбата на народот беше многу настојчива. Во 1888 г. за председател на Бугарската обштина во Битола дојде од Солун љубимецот на Бугарите од цела западна Македонија – архимандрит Козма Пречистански, родум од кичевското село Орланци. Тој го зеде под своја закрила младиот Тома Николов.“
ИКОНОМ ТОМА НИКОЛОВ, ПРВИОТ ЃАКОН ВО БИТОЛА, Илустрација Илинден
