Одбележуваме 82 години од смртта на војводата на ВМОРО Никола Петров Русински
На 14-ти јуни 1942 г. во Софија умира социјалистот НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ, војвода на ВМОРО.
Роден е 1875 г. во малешевското село Русиново. Завршил гимназија во Кочани. Од 1893 – 1895 г. е во Цариград и се образува политички, станувајќи близок на социалистичките идеи. Прво се вклучва во редиците на Врховниот Македоно-одрински комитет и учествува во Четничката акција од 1895 г. Покасно Русински учи во подофицерската школа во Софија. Таму се запознава со Гоце Делчев, кој што го привлекува во ВМОРО како четник на Малешевската организациона чета. Потоа во Софија се запознава со Васил Главинов, представник на БРСДП во Битола. Се присоединува и кон Македоно-одринска социалдемократска група. Во 1900 г. Н. Русински е испратен од Гоце Делчев да го организира Битолскиот револуционерен округ. Ја развива воената подготовка на четниците во Демирхисарско, Крушевско, Кичевско, Прилепско, Охридско, Струшко, Битолското поле и Мариово. Неговата дејност во тој подготвителен период се покажа многу плодна – неговите ученици, произведени во војводи, се меѓу 25 и 30 души: Велко Марков, Јордан Пиперката, Ванчо Србаков, Ѓурчин Наумов, Георги Сугарев, Тасе Христов, Дејан Димитров, поп Христо от Велгошти, Никола Митрев, Ванчо Наумов, Тодор Златков, Петар Положенец, Никола Атанасов и др. По зборовите на М. Матов тој „пренесол грамадни заслуги на Внатрешната револуционерна организација“. Учествува како делегат на Смилевскиот конгрес и е избран за член на штабот на Прилепското горско началство. За време на Илинденското востание ги командува и леринските чети. Учествува во Балканската и Првата светска војна. Во 1914 г. е кандидат на БРСДП на изборите за Бугарското народно собрание. Меѓу двете светски војни во Софија ги губи сопругата и двете ќерки. Потоа се отдава целосно на социалистичката кауза. Умира во крајна бедност.
“За да се изменат тие закони и традиции, нужни се револуционерни сили, воспитани демократски во духот на бугарските првоапостоли Раковски, Каравелов, Левски, Ботев и др. Македонија родила многумина таква борци. Преживената робска положба на народите во Турција е најдобрата гаранција да се фрли семето на народната слобода за сите нации во Македонија и Одринско.
Македонија од Шар Планина до југ е населена со Турци, Албанци, Бугари, Власи, Грци, Евреи, Цигани, но не и со Срби, кои што живеат на север и североисток од Шар до Прешово. Разнобојноста на населението во Македонија само ни дава да разбереме, дека не треба да се работи во полза само на една од народности која ја населува Македонија, бидејќи таа е обшта татковина на сите тие, кои што ја населуват.
„Другари делегати, прашањето за востанието е решено. Десетки илјади човечки жртви ќе се дадат… Ние не сме достатачно готови да го нападнеме по сите линии непријателот, да објавиме насекаде востание во Скопско, Солунско, Одринско. Ние достаточно не сме ги популаризирале нашите барања пред претендентите за нашата родина. Штом го објавиме востанието, сите претенденти, особено Грци и Срби, ќе се нафрлат во нашите позиции (селата) зад турските војски кои настапуваат. Ќе го деморализират населението, ќе го искористат теророт и насилството од турските власти и ќе сакат да декларира нашиот народ, дека се Срби, дека се Грци, за да ја најдат закрилата пред Турците од Срби и Грци. По востанието не ќе има револуционерно дело, а бугарскиот елемент ќе биде подвргнат на претопување“.

