|

Одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров и годинава е покровител во одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Осветувањето на водите ќе се одржи традиционално на две места во општина Ѓорче Петров, односно чесниот крст ќе се положува во водите на реките Лепенец и Вардар.

Во реката Лепенец положувањето на чесниот крст ќе се одржи во 11 часот кај последната станица на автобусот со број 22. Пријавувањето на заинтересираните што сакаат да учествуваат е на телефонскиот број 02 20 55595.

На мостот во Хром манифестацијата е од 12 часот, а пријавувањето на заинтересираните граѓани што сакаат да учествуваат е во канцелариите на црквата „Св. Петар и Павле“.

Општина Ѓорче Петров ги повикува граѓаните заедно и масовно да го одбележат овој важен ден во христијанството, денот кога свети Јован Крстител го крстил Господ Исус Христос во реката Јордан.

Слични Објави