ОФИЦИЈАЛНО: ПОЗНАТ СПИСОКОТ ИГРАЧИ НА АРГЕНТИНА ЗА МУНДИЈАЛОТ!

Maурито вчера славеше, но утрово го дочека тажна вест, иако можеби и се очекуваше вакво нешто.

Капитенот на Интер успеа да го однесе својот тим во Лигата на шампионите, „нероаѕурите“ во одлучувачкиот натпревар славеа со 3:2 во Рим и така зад себе го оставија Лацио.

Икардо во својата кариера нема настапувано во Лигата на шампионите и секако беше пресреќен, иако не е сигурно дека ќе остане во Интер.

„Мораме да седнеме и да разговараме, мојата желба и понатаму е да бидам тука“, изјави Икарди кој има откупна клазула од 110 милиони евра.

По големото славје, утрово следуваше и удар за Икарди, но како што кажавме ваквото сценарио можеше и да се очекува. Сампаоли го соопшти конечниот список на 23 играчи кои патуваа на Мундијалот, а помеѓу нив нема место за Икарди.

Конечниот список на Аргентина:

Голмани: Серхио Ромери, Франко Армани, Вилфердо Кабаљеро

Одбрана: Габриел Меркадо, Федерико Фазио, Николас Отаменди, Кристијан Анслади, Николас Таљафико, Маркус Рохо.

Среден ред: Евер Банега, Хавиер Маскерано, Едуардо Салвио, Лукас Биља, Анхел Ди Марија, Џо Ло Селсо, Мануел Ланзини, Макси Меза, Маркос Акуна.

Напад: Лионел Меси, Серхио Агуеро, Гонзало Игуаин, Кристијан Павон, Паоло Дибала.

Извор: Sportski.mk