ОГНЕН ЈАНЕСКИ : СЕГА УШТЕ ДА ИЗЛЕЗЕ СНИМКА КАДЕ БОКИ НА СИЊОРА И ЈА ПЕЕ „ТИНКЕ КАТИНКЕ“

//

„Двете нека се влечат по плажите, а ние веќе готови сме. Побудалени. Едни се силат, други се тиштат. Сите бараме правда (некои од многу поодамна, некои од пред неколку дена се ококорија), а правдата – таа пустата не само слепа, туку и глува – и нема, и неподвижна, затворена во некоја келија, чека да си умре, или има трошка надеж со која си вели: „Уште колку ќе бидам мачена, ова ли е почетокот на крајот?“
Со децении, таложено, таложено, за ситни интереси, за големи пари, за лечење фрустрации на поединци. Таложено и натапкано како оставена шолја турско кафе недопиено, па тоа не се чисти, па се фрла во одводот од лавабото, па се залепило на цевките, па со бигорот се испомешало, па се затнале цевките, па пукнале, па се поплавил станот, па протекло кај соседите, па цела зграда… да лее по улиците. Останува уште да се спасиме од давење.
Ако е ова тоа што го чекавме за да викнеме водоинсталатор, ајде! Нека влезе некој со сајлата, нека истурка, нека се смени целиот цевководен систем!
Како? Како Вилма седи на плажа, на одмор, додека тука се случува најголемиот скандал кој го погодил правосудниот систем во Македонија, а таа ни го фрли како коска да го глодаме? Излезе, го вжешти народот, се расфрлаше со некои си полуизјави за подгорување и си замина на песок да се сонча со шеширчињата нејзини. Па тоа не е ни под разно за ставање за одговорна на инкорпорираното СЈО во ОЈОГОМВК. Ваква неодговорност, не може да носи таква тежина.
За вакви работи се прекинува одморот. Се враќаат сите на работа. Не е ова случајот со ќебапите, со марулите и со теглите ајвар. Ова е тоа што постојано ни се посочуваше од Европа при извештаите – КОРУПЦИЈАТА во системот. Ова е еклатантниот пример кој ни требаше да ни излезе на површина. Ова е Чистилиштето, но, од нас зависи дали со овој случај ќе сакаме да излеземе од Пеколот. Засега, тенко некако сакањето. Рајот секако ни е далеку. Многу далеку засега.
Само љубовта меѓу Орце и Боки е голема. Македонија требало да искористи такви луѓе како нив двајцата, а не да ги гази! Да, Македонија треба да ве искористи за пример како не треба за идните генерации да не завршуваат в затвор како што треба вие! Оооо таа ваша љубов голема колку скандалов што надвисна над тоа што беше надеж најголема.

P.S. Ај Орце го испрати Боки до врата, нас кој ќе не’ испрати до светлото на крајот од тунелот?



P.P.S. И до каде сте со налогот за сињора? Не за друго, јас на нејзино место, при таква сигурност за невиност како што истакнува со нејзините бледи соопштенија, досега сто пати сам ќе отидев да се јавам на распит во ОЈО. Не за друго, за обелување образ, оти вака ни варикина не мие“, напиша на својот facebook профил новинарот Огнен Јанески.



Претходна статија

ЗАМЕНИЧКАТА НА КАТИЦА: ПОТПИШАВ ВЕЌЕ ИЗГОТВЕНО МИСЛЕЊЕ ЗА ПАСОШОТ НА КАМЧЕВ

Следна статија

ФОКУС: НАКОВ- ИМА ОСНОВИ ЗА ПРИТВОР НА ЈАНЕВА, ТАА НЕ СМЕЕШЕ ДА ЈА НАПУШТИ ЗЕМЈАВА

Најново од Вести