Огромно невреме ја парализира Англија: граѓаните во паника, улиците целосно поплавени
Невреме проследено со град, обилни врнежи и грмежи зафати делови од Англија, а метеоролозите објавија жолт метео-аларм. Предупредувањето важи за Јужна Англија, Источна Англија и за делови од Мидлендс.
Џорџ Дибли, жител на Бесингстоук, Хемпшир, рекол дека дождот бил толку силен што чувствувал како некој да му удира во прозорецот.
„Во еден момент се плашевме бидејќи врнежите од град станаа посилни, да не ги оштети нашите автомобили, но, за среќа, сето тоа траеше неколку минути“, рече тој.
Жителите на Бесингсток велат дека никогаш не виделе град со таква големина. Обилните врнежи донеле поплави во одредени области, а противпожарните и спасувачките екипи на Девон и Сомерсет соопштија дека примиле повици од луѓе заглавени во вода.
Метеорологот Клер Насир изјави дека ризикот од дожд и град ќе продолжи денеска и утре.