ОН: Светските цени на храната повторно во пораст
Индексот на глобалните цени на храната се зголеми во април, прв пат по една година, објави во петокот Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) при ОН. Индексот на цени, кој ги следи глобално најтргуваните прехранбени производи, минатиот месец изнесуваше, во просек, 127,2 поени, во споредба со 126,5 за март.
„Благото зголемување на ФФПИ (Индексот на цени на храната на ФАО) во април беше поттикнато од наглото зголемување на индексот на цената на шеќерот, заедно со растот на индексот на цената на месото, додека индексите на цените на житарките, млечните производи и на растителните масла продолжија да се намалуваат,“ соопшти ФАО.
Според извештајот, индексот на цената на шеќерот се искачил за 17,6% од март, достигнувајќи го највисокото ниво од октомври 2011 година. Порастот, наводно, е поврзан со загриженоста за намалените резерви по падот во прогнозите за производство за Индија и Кина, заедно со помало од очекуваното производство во Тајланд и во Европската Унија.
Индексот на цената на месото е зголемен за 1,3% во однос на март додека цените на млечните производи се намалија за 1,7%. Цените на растителното масло исто така се намалија за 1,3%, што е петти последователен месечен пад.
Индексот на цената на житарките се намали за 1,7%, при што падот на светските цени на сите главни житарки е позначаен од зголемувањето на цените на оризот.
„Порастот на цените на оризот е крајно загрижувачки и од суштинско значење е да се обнови Црноморската иницијатива за да се избегнат какви било други скокови во цената во пченицата и на пченката“, вели главниот економист на ФАО, Максимо Тореро.
Извештајот на ФАО покажува дека меѓународните цени на пченицата паднале за 2,3% во април на најниско ниво од јули 2021 година, главно поттикнати од големите залихи достапни за извоз во Русија и Австралија.
Според ФАО, поволните услови за земјоделски култури во Европа, заедно со договорот на крајот на април со кој се овозможува транзит на украинското жито низ земјите на ЕУ кои воведоа ограничувања за увоз на почетокот на месецот, исто така придонесоа за „вкупно помек тон на пазарите .“
Во меѓувреме, Тореро предвидува дека како со закрепнувањето на глобалните економии од значителните забавувања, побарувачката ќе се зголеми и ќе врши нагорен притисок врз цените на храната.

