|

Русија изврши масовни ракетни напади врз Украина: „Бахмут мора да падне до утре“

Русија го интензивираше гранатирањето на Бахмут со надеж дека ќе го освои до утре (вторник), изјави Олександр Сирски, висок украински генерал задолжен за одбраната на градот, додавајќи дека ќе стори се за да го спречи тоа.

Тој посочи дека руските сили го зголемиле интензитетот на гранатирање на градот со тешко вооружување, дека почнале да користат понапредна опрема и дека ги прегрупираат војниците.

„Денес е важно да се донесат одлуки што е можно побрзо и да се предвидат акциите на непријателот“, рече Сирски на својот Телеграм по, како што рече, посетата на војниците долж линијата на фронтот во Бахмут.

„Русите се уште се надеваат дека ќе го освојат градот до 9 мај. Наша задача е да го спречиме тоа“, рече тој.

Инаку, 9 мај е празникот на Денот на победата во Русија, кога се слави победата над нацистичка Германија.

Слични Објави