Операција „Олуја“
Пишува: Аргир од Б’лгарско Блаца
Последните неколку дни гледаме какви опасни бури ги зафатиja северо-западните делови на балканскиот полуостров и какви огромни штети беа причинети од истите. Завчера кога ги гледав снимките од Хрватска, се сетив на една по различна бура од пред 28 години, која што носеше хрватското име ‘ОЛУЈА’ и само за 4 дни однесе пред својата незапирлива сила, сѐ што постоеше под името на т.н. ‘Република Српска краина’ организирано од сепаратистички настроени етнички Срби со помошта на ЈНА којашто во тие денови веќе беше сведена на некаква српска армија којашто претставуваше окупаторска сила во територијата на независна и самостојна Хрватска и чија цел беше да окупира и украде хрватска територија од размери на 10400 км!
Генералштабот на хрватската армија се одлучи да започне специјална операција ( за разлика од руската агресија и окупација во Украина којашто е именувана од Кремљ како ‘специјална операција’, ова на хрватската армија беше вистинска операција за ослободување на сопствена територија). На 4и август 1995 година започна операцијата ‘ОЛУЈА’ и без да навлегувам на воено техничките детаљи на операцијата којашто преставуваше нај голема битка на суша после втората светска војна, таа приклучи успешно на 7и август и министерот на одбраната на Република Хрватска Гојко Шушак објави крај на ‘ОЛУЈА’!
Благодарение на ова успешна воена операција, хрватската држава и армија не дозволија кражба на хрватска територија. И сите ја памтиме таа слика со незаборавната сцена во којашто, сега веќе покојниот председател на Република Хрватска во тоа време г-н Фрањо Туѓман позираше триумфално под хрватското знаме заедно со војниците на хрватската армија.
Како наследник на македонски б’лгари коишто биле дел од плодната соработка во минатото меѓу хрватите и македонските б’лгари, денес се надевам во идна соработка и остварување на заеднички цели, каква што е и пишувањето на двете етнички заедници во уставот на Р. С. Македонија. Исто така и што по скорешно зачленување на Р. С. Македонија во ЕУ, без губење на драгоцено време заради крајно сомнителни регионални проекти каков што е проектот т.н. ‘отворен балкан’ којашто е всушност проект на бившиот окупатор на нашите земи! Zivjela Hrvatska! Zivjelо Bugarsko Hrvatskо Prijateljstvо.

