ОПШТИНА КАРПОШ: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГОЕВ НЕ Е ПОВРЗАН СО СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

/

Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев не се вклучени во никакви незаконски активности во врска со случајот „Рекет“, се наведува во соопштението што го испрати до медиумите Одделението за односи со јавност во оваа скопска општина.

„Во општина Карпош не е отворен ниту еден предмет, а не е издадено ни одобрение за градење, ниту било каков друг правен акт во врска со споменатиот случај; локалната самоуправа има склучено меморандуми со голем број на невладини организации. Меморандумот кој е склучен со Меѓународен сојуз единствено се однесува на давање поддршка за реализација на различни социо – економски активности и третирања на локални прашања. Тој по својата содржина е општ, без никакви финансиски последици за Општината или конкретни други обврски“- се вели во соопштението на Општина Карпош.





Претходна статија

ТИТО ПЕТКОВСКИ САКА ДА СЕ ВРАТИ ВРЕМЕТО КОГА ПО НЕГОВА НАРЕДБА СЕ РАСФРЛАА ФАМОЗНИТЕ „БУГАРСКИ“ ЛЕТОЦИ ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ

Следна статија

ЦИВИЛ: ИНСТИТУЦИИТЕ ВЕДНАШ ДА ГИ САНКЦИОНИРААТ СИТЕ ШТО ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА!

Најново од Вести