|

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по завршената дебата со неговиот противкандидат Амар Мециновиќ, се обрати до јавноста преку својата официјална страница на Facebook, изразувајќи благодарност за, како што рече, „огромната поддршка од скопјани“.

„Благодарам од срце за огромната поддршка! Се покажа дека скопјани бараат човек кој ќе ги решава проблемите, дека сакаат дела и резултати. Заедно ќе направиме многу за Скопје. Уште од првиот ден – работа, посветеност и одговорност кон граѓаните. Благодарам, Скопје!“, напиша Ѓорѓиевски.

Дебатата меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ предизвика големо внимание во јавноста, а реакциите на социјалните мрежи покажуваат зголемен интерес на граѓаните за темите поврзани со идното функционирање на градот.

Слични Објави