ОТВОРЕН ПЕТТИОТ „МАЛИНСКИ ФОТО – ФЕСТИВАЛ“

/

Со изложбата „Тумба“ на членовите и курсистите од Фото-клуб Куманово, во Градскиот музеј во Крива Паланка синоќа започна 5-то издание на „Малинскиот Фото -фестивал“, кој ќе се одвива и во Куманово Штип, Свети Николе и Кратово …

Во рамки на фестивалот кој е во организација на Фото-клубот од Куманово, ќе бидат изложени околу 400 фотографии во колор и црно бела техника, изработени од осумдесет домашни и странски автори од Полска, Србија, Турција, Азербејџан, Македонија и други држави.

Фестивалот продолжува денеска во галеријата Безистен во Штип, со самостојна изложба на Коста Дупчинов од Битола, а на 23-ти мај (среда) во Свети Николе, каде посетителите ќе можат да уживаат во самостојната изложба на Владимир Миличевиќ од Србија.

На 25 мај во Куманово е предвидено предавањето „За македонцката фотографија“ кој ќе влезе во историјата на македонската фотографија.

За проектот ќе говорат Владимир Јовановски и Стефан Илиевски, членови на ФК Куманово. По излагањето на проектот следуваат фото проекции на Рашад Мехдиев, Мустафа Шахин, Александар Георгиев, Иван Стојановиќ, Алперен Анхарман и Ранко Ѓуковиќ.



Програмата за следниот ден, на 26 мај започнува во 12 часот во Куманово со меѓуклупската изложба Круг, која е од натпреварувачки карактер, и ќе се одвива помеѓу ФК „Куманово“ и ФК „Формат“ од Чачак. Исто така, првпат, оваа година предвидено е да се проследат фотографии од фото секцијата на учениците од ОУ „Кочо Рацин“, чиј ментор е Марина Крстиќ, претседател на ФК Куманово.

Самостојни изложби ќе реализираат и Бурак Шембак од Турција и Александар Драгишевски, член на ФК Куманово.

Последниот ден од програмата е предвиден за Кратово, каде што традиционално ќе се одржи фото сафари и самостојна изложба на Ивона Кочов, член на фото кино клуб „Битола“ и клупската изложба на универзитетскиот фото кино клуб од Бања Лука , со што и ќе биде затворено 5-тото издание на „Малински Фото -фестивал“.

Претходна статија

ИЗЛОЖБА „ЗА ЖИВОТНИТЕ И ЛУЃЕТО“ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ВИДЕО: ИЗРЕКУВАЊЕ НА ПРЕСУДАТА ЗА СЛУЧАЈОТ „ТРИСТА“

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (9)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. Сите војници