ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: ALBASCRIPT PLUS И PITCH BALKAN

/

Ве информираме дека Балканскиот филмски маркет официјално ги отвори повиците за аплицирање на AlbaScript Plus и Pitch Balkan кои се одржуваат за време нa маркетот од 3-ти до 7-ми октомври 2018 година во Тирана, Албанија

AlbaScript Plus е интензивна работилница за развивање на сценарио чиј повик е отворен за сценарија за наративен долгометражен и краткометражен филм од автори кои живеат во поширокиот Балкански регион. Рокот за аплицирање е 1ви август а повеќе информации и детали околу аплицирањето може да видите на следниот линк:

https://balkanfilmmarket.com/bfm-2nd-edition/albascript-plus-2018-application/



Повикот за Pitch Balkan е отворен со цел да се охрабри продукцијата и соработката помеѓу филмските професионалци во регионот како и да се поттикнат приказни од Балканот. Рокот за аплицирање е исто така 1ви август. Повеќе информации на линкот:

https://balkanfilmmarket.com/bfm-2nd-edition/pitch-balkan-2018-application/

Претходна статија

ЗАЕВ НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА НР КИНА Н.Е. ЛИСЈЕН: ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ Е ОСНОВА ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ

Следна статија

МИНИСТЕРОТ АДЕМИ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ НА АЛБАНИЈА ФАТОС РЕКА

Најново од Истакнато

Кога идентитетот е бетон

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија е одличен настан за крај