|

Отворено се спротивставувам на едностраните изјави на Фуере во прилог на Северна Македонија

Fb статус на проф. д-р Дореана Христова

Сведок сум на немили настани за време премиерот Груевски, т.е. случувањата од 180 степени пресвртница во однос на претходните добри релации со Бугарија кога на чело на ВМРО-ДПМНЕ стоеше основачот на таа партија, лидерот Георгиевски. Пресвртот беше големо непријатно изненадување за официјалната бугарска политика

Ќе наброиме три намерни, крајно нехумани дури криминални случувања од време на Груевската влада :

– објавувањето на енциклопедијата на инсистирање на академик Б.Ристовски, каде до таа мера експлодираше говорот на омраза со примена на пејоративни етикети против Бугарите и Албанците, што дотаму се предизвикаа бурни реакции, што се вети дека таа енциклопедија ќе се забрани, тоа беше негорано од настапот на проф.Чепреганов на 21.11.22 на канал 5.

– Единствено бугарски туристи се удавија во Охридското езеро (освен капитенот на македонскиот брод) и тоа пред очите на груевскиот министер Миле Јанакиевски

– се чинеше новинарот Миленко беше охрабруван од премиерот Груевски и претседателот Иванов (и двајцата од ДПМНЕ) да сатанизира и руши бугарски гробови од Првата и Втората светска војна, што е варварски чин,

– исто како оној со палењето на клубот во Битола,

– демолирањето на клубот во Охрид и

– посегнувањето по убиствен напад врз млад вработен во охридскиот клуб. Сметам дека додека не се исчисти гнилежот од својот двор и прикривањето на вистината со напад врз нападнатиот или жртвата како кукавички одбрана, нашето судство и институциите ќе тонат во безредие.

Затоа отворено се спротивставувам на едностраните изјави во прилог само на Северна Македонија на г.Фуере дадени како по нарачка на 29.1.23 на 24 вести.

Слични Објави