Ова се победниците на средноучилишните лиги на град Скопје за учебната 2017/2018 година

Во завршните натпревари на препознатливиот градски ФАЈНЛ ФОР којшто на 3 и на 4 мај се играше во спортските сали на СУГС „ Зеф Љуш Марку“ и се издвоија најдобрите екипи во средноучилишните лиги на Град Скопје за учебната 2017/2018 година во екипните спортови футсал, ракомет, кошарка и одбојка, во машка и во женска конкуренција.

Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1.000 натпревари во кои се вклучија околу 6.000 ученици од 29 средни училишта од Скопје.

Според резултатите од финалните натпревари, во футсал – мажи најдобри беа следниве три екипи:

Прво место: СУГС „Цветан Димов“

Второ место: СУГС „Зеф Љуш Марку“

Трето место: СУГС „Аресени Јовков“

Во футсал – жени, како најдобри се издвоија:

Прво место: ДУФК „Методи Митевски-Брицо“

Второ место: СУГС „Орце Никололов“

Трето место: СУГС „Лазар Танев“

Во ракомет – жени, првите три места ги освоија:

Прво место: ДУФК „Методи Митевски-Брицо“

Второ место: СУГС „Никола Карев“

Трето место: СУГС „Васил Антевски – Дрен“

Во ракомет – мажи, најдобри беа екипите:

Прво место: ДУФК „Методи Митевски-Брицо“

Второ место: СУГС „Јосип Броз-Тито“

Трето место: СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“

Во одбојка – мажи, првите три места ги освоија:

Прво место: ДУФК „Методи Митевски-Брицо“

Второ место: СУГС „Здравко Цветковски“

Трето место: СУГС „Зеф Љуш Марку“

Во одбојка – жени, најдобар резултат постигнаа екипите:

Прво место: СУГС „Никола Карев“

Второ место: СУГС „Орце Николов “

Трето место: СУГС „Јосип Броз -Тито “

Во кошарка – мажи, најдобри беа екипите:

Прво место: СУГС „Орце Николов“

Второ место: СУГС „Арсени Јовков“

Трето место: СУГС „Никола Карев“

Во кошарка жени, како најдобри се издвоија:

Прво место: СУГС „Орце Николов “

Второ место: ДУФК „Методи Митевски-Брицо“

Трето место: СУГС „Арсени Јовков “

Градскиот првак и второпласираниот од скопскиот регион, што е најголем во Македонија, ќе учествуваат на финалните натпревари на државно ниво, односно на првенството на средни училишта од цела Македонија – Гимназијада што ќе се одржи во Тетово од 10 до 12 мај годинава.



Слични Објави