| |

П.КОЛЕВ: ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА И ЗА ИМЕТО ШТО НЕ ГО ДАВАМЕ

Претседателот на партијата Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев на својата страна објави една интересна математичка пресметка поврзана со патните трошоци на пратениците. Ви го пренесуваме во целост статусот на првиот човек на ГДУ:

„Математички прецизно по струмичка рецепта со гарнир од конструктивност и инклузивност!
20% од средната цена на гориво 60 денари за километар= 12 ден.
100 км. × 12 ден= 1200 ден.
900 000 евра годишно буџет на Собранието за патни трошоци ÷12 месеци во годината= 75 000 евра на месец.
75000 евра ÷ на 120 народни избраници=625 евра на глава средно само за патни трошоци.
Дечки вие сте гении!
За европска Македонија! И за името да не го дадеме нели?!“



Слични Објави