Снежните врнежи во западниот дел од државата предизвикаа повеќе проблеми при одвивање на сообраќајот.
Најголем проблем се паднатите дрвја и гранки кои под напластениот снег попуштиле и паднале врз коловозот.
Ваква состојба најизразена е на патниот правец Гостивар-Маврово особено делот на патот кој води кон зимскиот туристички центар Маврово.
На патниот правец крак Маврово- Дебар сообраќајот се одвива отежнато во зимски услови поради одрони и искршени дрвја на патот. Екипите на ЈП. Македонија Пат се на терен и работат интензивно на расчистување на патот, информираа од АМСМ.
Поради појава на магла видливоста е намалена од 20-30м во Крушево и на планинскиот превој Пресека (Кичево-Охрид).
Се препорачува внимателно возење поради можност од појава на магла и слаба видливост.