|

Паника кај туристите во Грција, туристи снимиле нешто што наликува на ајкула

Во близина на брегот на грчкиот град Волос, туристи снимиле нешто што наликува на ајкула во морето, а ова видео предизвика вистинска паника кај оние кои го гледале, а моментално се во оваа земја.

„ Волос е блиску до полуостровот Пелион, а не е далеку ниту Скијатос, па обрнете внимание“, напиша корисник на Твитер над  видеото.

Danas u Volosu , to je blizu poluostrva Pilion, a ni Skijatos nije daleko, pa da se malo obrati pažnja pic.twitter.com/rpA0jwNumd

— Dentistolog (@dentistolog) July 27, 2023

И додека некои мислат дека се работи за ајкула, други се убедени дека се работи за сабјарка.

„Ова е марлин, ова не е ајкула. Ајкулата има различни перки“, „Секое утро на Пилион гледав нешто како плива среде заливот, но не идентификував што е тоа“, „Би рекол дека е црн марлин, или сабјарка“, „Не сакам да среќавам делфин кога нуркам“, се само некои од коментарите под видеото.



Слични Објави