ПАТНИЦИТЕ ГО НАПУШТААТ КРУЗЕРОТ „ДАЈМОНД ПРИНЦЕС“ ПОСЛЕ ДВЕ НЕДЕЛИ КАРАТИН
По 14 дена во карантин во пристаништето во Јокохама, почна истоварот на првите патници од крузерот „Дајмонд Принцес“ на кој во изминатите денови беа утврдени 540 случаи на корона-вирус. Болеста во поблага форма беше регистрирана и кај еден од тројцата македонски државјани на бродот кој беше сместен во една од здравствените установи во градот. Операцијата ќе трае три дена.
Крузерот го напуштија 500 лица кои не покажаа симптоми на корона-вирус. Нивните тестови беа негативни и немаа никаков контакт со заболените лица, наведе јапонското Министерство за здравство.