ПЧЕЛНИОТ ОТРОВ ДОСТИГА АСТРОНОМСКИ ЦЕНИ НА БАЛКАНОТ

Вести Истакнато Македонија Разно Свет Убавина&Здравје Храна

Во минатото пчелната индустрија носеше гоема заработувачка. Само медот никогаш не бил главен производ – покрај него индустријата профитираше и од прополисот, пчелиниот восок, матичниот млеч и поленот – производи што пчеалрите ги собираа и остваруваа солидна заработувачка. Поради силниот увоз, болестите на пчелите и долготрајниот процес на повраток на капитаот, пчелната индустрија полека замре, со исклучок на напорите на вистинските љубители и одгледувачи на пчелни семејства кои се свртија на производство на чист и еколошки мед во мали количини. Но, во последно време Балканот го зафаќа нова треска: највредиот ос ите челни производи – пчелниот отров или апитоксинот, кој порано го оставаа да пропаѓа сега се собира и вреди повеќе од злато.

Босанките пчелари отровот го собираат и го продаваат на американските фармацевтски куќи и козметички компании, постигнувајќи астрономски цени и тоа од минимум 25,000 евра за килограм, па се до вртоглави 70.,000 евра како што тврдат некои портали.

Додека повеќето едвај врзуваат крај сокрај со производството на мед и водат жестоки битки со нелојалната конкуренција и увозот на „шеќерен сируп“ наместо мед по багателни цени, мал број пчелари се имат преориентирано кон пчелниот отров за кој исто толку мал број производители знаат дека е на цена и успеваат добро да заработат. За собирање на пчелниот отров потребен е апарат кој се приклучува на акумулатор и низ жиците кратко време на точно определено растојание се пушта струја која ги стимулира пчелите на одредена плоча да го испуштаат отровот.

На прво слушање, логично е да се помисли дека пчелите се убиваат во овој процес, но тоа воопшто не е така. Кога ќе ве касне пчелатаа испушта отров, и отпаѓа осилото и таа умира. Кога испушта отров на ова стакло нејзе не и испаѓа осилото, и не умира. Нема никаква штета за пчелата. На стаклото отровот се суши и останува прав кој треба да се иструже. Во големи количини апитоксинот е смртоносен отров, а во мали лек”, објаснува Томас и напоменува дека пчелниот отров не смее да се собира без заштитна опрема и маска и за тоа треба да има обезбедено максимални хигиенски услови.

Количините на апитоксинот кој го произведуваат пчелите е мал, со еден убод таа исфрла само 0,1 милиграм, а за килограм е потребно да се собере пчелин отров 200 кошници.

Ова е доста важна информација за сите оние кои кај нас сакаат да заработат од пчелните семејства. Затоа, доколку ја видите веста и ви се допадне оваа идеја – пробјте. Доколку сте во сосема друга сфера помогнете некому и споделете ја со вашите пријатели и познаници.