Пендаровски го свика Советот за безбедност: Разговараме за цивилите од Авганистан
Денеска во Вила Водно, кај претседателот на државата Стево Пендаровски се одржува состанок на Советот за безбедност. Самиот претседател се огласи на социјалните мрежи за темите на состанокот:
-Пред малку започна 13-тата седница на Совет за безбедност. Со членовите на Советот, со директорите на АНБ, АР, ЦУК и ДЗС – Димовски, Муслиу, Ангелов и Максути и со Зоран Петров, национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, разговараме за цивилите од Авганистан прифатени на нашата територија, како и за поставеноста на системот за управување со кризи, напиша Пендаровски.
Извор: Zoom. mk