| |

Пенс: САД ќе ги наложи најригорозните санкции досега врз Северна Кореја

Наскоро Вашингтон ќе ги открие “најтешките и агресивни санкции” што некогаш и биле наметнати на Северна Кореја.

За тоа предупреди потпретседателот на САД Мајк Пенс по разговорите со јапонскиот премиер Шинзо Абе во Токио, информира АФП.

Пенс исто така, предупреди дека нема да се дозволи на Северна Кореја, која ќе учествува во Зимски олимписки игри, како дел од заедничката делегација со Јужна Кореја да го “засени” настанот со “својата пропаганда”.

“Ние ќе продолжиме да ја зајакнуваме кампањата за максимален притисок, додека Северна Кореја не преземе конкретни чекори кон целосна, потврда за неповратно нуклеарно разоружување”, истакна американскиот потпретседател.

Според него, “сите варијанти се на маса”. Тој се закани дека Вашингтон ќе продолжи да ги распоредува “најмодерната воена техника во Јапонија и регионот” за заштита од севернокорејска закана.

Јапонскиот премиер Абе беше дециден дека Јапонија нема никогаш да ја прифати нуклеарна Северна Кореја.

Слични Објави