Пентагон откри дали има докази за вонземска активност, додека следат 650 случаи на НЛО
Американската влада следи повеќе од 650 потенцијални случаи на неидентификувани воздушни феномени, познати како НЛО, и досега не се пронајдени веродостојни докази за вонземски активности, изјави Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (AARO) на Пентагон.
„Во нашето истражување, ААРО досега не најде веродостојни докази за вонземска активност, вонземска технологија или објекти кои им пркосат на познатите закони на физиката“, рече Киркпатрик за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби на американскиот Сенат за активностите на ААРО, пренесува Си-Ен-Ен.
Киркпатрик изјави вчера дека бројот на забележани НЛО се зголемил од 350 пријавени во разузнавачки извештај за неидентификувани воздушни феномени, објавен претходно оваа година.
„Околу половина од 650 случаи на кои им дадовме приоритет на набљудувањето поради интересна аномална вредност“. Сега треба да ги поминеме, за да дознаеме колку реални податоци имаме“, рече американскиот функционер, додавајќи дека неговата канцеларија им помага на Пентагон и на разузнавачката служба да идентификуваат нови технологии од странски земји.
По тој повод тој објави видео снимки од два случаја каде се гледа НЛО, а кои се декласифицирани. Едниот случај е решен, додека на другиот се уште се работи
„Имаме индикации дека случаите се поврзани со странски фактор“, рече Киркпатрик.
Ваквите случаи, рече тој, се проследуваат до разузнавачката служба за понатамошна истрага.
