|

Перински: Измените на Законот за локална самоуправа мора да се изгласаат до 12 септември

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, изјави дека се прават максимални напори измените на Законот за локална самоуправа да бидат изгласани до 12 септември, кога е закажана последната парламентарна седница пред изборите.

Предлог-законот предвидува можност за референдумски отповик на градоначалник, задолжителна комунална полиција, транспарентни седници на советите и нови градски архитекти. Перински предупреди дека без усвојување на измените, идните градоначалници ќе останат единствени јавни функционери без можност за отповикување, а локалната власт без важни механизми.

Тој додаде дека Владата веќе интервенирала во бројот на советници во 17 општини согласно бројот на жители, а опозициските барања за вклучување на нерезидентите ги оцени како неоправдани.



Слични Објави