Петар Димитров Петров – заборавениот гениј од Бугарија
Петар Димитров Петров е еден од оние бугарски генијалци чие име ретко се споменува, иако неговите изуми го промениле светот. Роден во октомври 1919 година во селото Брестовица, Петров поминал бурен живот – од војник во Францускиот легион, до инженер во американската вселенска програма, пишува Актуално.
По Втората светска војна, се преселил во Германија, каде дипломирал електро- и машинство, а потоа во САД, каде го достигнал врвот на својата кариера. Работел за американската војска, проектирајќи мостови и електрани, а подоцна бил дел од тимот на Вернер фон Браун во НАСА. Петров бил главен инженер во развојот на ракетите „Сатурн“ и проектот „Аполо“.
Во 1968 година ја основал компанијата Care Electrics, која произведувала компјутерска опрема за мерење на загадување. Неговиот најпознат изум е првиот дигитален рачен часовник – „Пулсар“ (1971), револуционерна технологија за тоа време. Работел и на сателитски и медицински системи, вклучувајќи безжичен монитор за срцев ритам што спасил илјадници животи.
Освен инженер, Петров бил и страстен љубител на бродоградбата – создава катамаранот „Џемини II“, со кој во 1976 година се поставува светски рекорд за брзина на вода.
Петар Петров починал во 2003 година во Хантсвил, Алабама, оставајќи зад себе наследство на иновации, кое сè уште чека да биде достојно признаено во неговата татковина.

