| |

Петар Колев држен 30 минути на влез во РС Македонија заради бугарските таблички на неговиот автомобил

Лидерот на ГДУ Петар Колев објави пост и видео на facebook во кое што информира дека бил задржан 30 минути на македонско-бугарската граница заради фактот што неговиот автомобил е со бугарски регистерски таблички.

„Малку да те измалтретираат уште на граница. Царината и полицијата не ги дискриминираат и не ги тормозат по многу Бугарите во Македонија, онака по малку уште на самата граница, само 20-30 минути.Големата предност да си воспитаник на СУ на правен факултет, та да започнеме правна дискусија.Нема закон, нема член, нема документ, но не може да влезеш во државата! Иако автомобилот кој е моја сопственост бил само 3 дена на територија на Македонија за последната 1 година, и покрај тоа што немам никаков прекршок, ниту царински, ниту кривичен, апсолутно никаков, не можело да влезам во Македонија. Се наложи да ја цитираме Истанбулската конвенција која е децидна и правилата за привремен увоз велат дека можеш за време од 6 месеци да престојуваш 3 месеци на територијата на РС Македонија со автомобил со странски регистерски табчички, започнавме да го чешламе и царинскиот законик и после целото малтретирање, стана јасно дека немаат правна основа да не ми дозволат влез и влегов во Македонија.Кога ова е моето искуство, несакам и да помислам каков е односот кон другите бугари во Македонија.

#Спијат ли мирно европските вредности
#Слободно движење на луѓе, стоки и капитал“, напиша претседателот на ГДУ Петар Колев.

Слични Објави