|

Петар Манџуков (1878-1968) од скопското село Мирковци пишува за Гоце Делчев

“Кај Делчев пак започна да иди скрижовскиот даскал Божик Атанасов и селани от други околни села. Делчев се информираше врз имотната состојба на чорбаџиите од околните села, како се забогатиле, го дерат ли населението со високи лихви и сл.

После долги разпрашувања и разгледувања се запревме на кир Димитро, Грк чорбаџијата на село Шилинос, Зиљаховско. Тој беше селски чорбаџија, а едновремено со тоа крчмар, бакалин и лихвар, кој што го дереше населението на с. Шилиност и околните села со многу тешки лихви, без да прави сметка дали одраните од него луѓе се Грци, Бугари, Турци или Цигани. Тој тераше редум без човештна и морал, само да падне парата. Се запревме на него не затоа што беше најжестокиот дерикожа – како него жестоки лихвари имаше и меѓу Бугарските селски чорбаџии, – но по други причини.

Тој беше Грк, а не македонски Бугарин; ако би бил Бугарин, неговото грабнување би ја дискредитирало пред Бугарското население организацијата. Таа, ако и да претендираше да го организира целокупното македонско население без разлика на неговото етничко потекло, всушност беше Бугарска организација. Како диктирано од националистички интереси, ние тројцата (Манџуков, Соколов и Мерџанов) бевме против таа причина, меѓутоа најдовме, дека е недоволно основано.

Извршено, без да има некаква врска со грчкото население на селото, нападот ќе биде сосем неочекуван, следствено ќе има најголема шанса за успех. По истата причина, како што не се знае народноста на напаѓачите, власта нема да го вознемирува населението на околните Бугарски села.”

ВО ЧЕТАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, 1899 г.

Слични Објави