Во Скопје 474 304 граѓани со право на глас, избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници
На денешните локални избори 474.304 граѓани со право на глас избираат градоначалник на Град Скопје, советници во Градскиот совет, како и градоначалници и советници во скопските општини. Избирачите добиваат четири ливчиња – за градоначалник и советници на градско и општинско ниво.
За функцијата градоначалник на Скопје се натпреваруваат 16 кандидати, меѓу кои само една жена. Поднесени се 19 листи за Советот на Град Скопје со вкупно 855 кандидати.
Во Аеродром гласаат 68.772 избирачи, со 6 кандидати за градоначалник и 10 листи за советници. Во Бутел се запишани 33.116 гласачи, со 4 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници. Во Гази Баба има 61.438 гласачи, 7 кандидати за градоначалник и 12 листи за советници. Во Ѓорче Петров гласаат 39.678 избирачи, со 4 кандидати и 7 листи за советници. Во Карпош се запишани 56.856 гласачи, со 5 кандидати и 10 листи за советници. Во Кисела Вода гласаат 53.643 избирачи, со 7 кандидати и 9 листи за советници. Во Сарај има 34.341 гласач, со 4 кандидати и 3 листи за советници. Во Центар гласаат 44.109 избирачи, со 5 кандидати и 9 листи за советници. Во Чаир се запишани 58.458 гласачи, со 3 кандидати и 9 листи за советници. Во Шуто Оризари гласаат 23.893 избирачи, со 8 кандидати и 7 листи за советници.
Вториот круг од изборите е закажан за 2 ноември.

