| |

Петрова: Единството во ЕУ е нашата најголема сила

Единството во Европската Унија е најголемата сила на земјите членки, изјави бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова на дискусија во Домот на Европа во Софија, по повод преземањето на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ од страна на Република Ирска, јавува БТА.

Таа нагласи дека за Бугарија и за секоја земја членка е клучно да се зачува единството и покрај различните нијанси во ставовите. Според неа, приоритет за Бугарија е да придонесува за тоа единство, но и јасно да го препознае својот национален интерес во рамките на Унијата.

Петрова-Чамова направи паралела меѓу европската порака „Strength with unity“ и натписот на бугарскиот парламент „Съединението прави силата“, посочувајќи ги како симбол на заедничките приоритети.

Како главни предизвици за ЕУ таа ги наведе прагматичноста, конкурентноста, зачувувањето на вредностите и подготовката за идните закани во услови на ограничени ресурси. Министерската истакна и дека Бугарија ќе настојува да биде конструктивен партнер во поставувањето на финансиската основа на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ.



Слични Објави