| |

ПО ТЕМНО СЕ ДОГОВАРААТ ЗА СЈО- ПРЕКУ ДЕН СИ ПУШТААТ КОМИТСКИ ПЕСНИ

Премиерот Зоран Заев и министерката за правда, Рената Дескоска, синоќа се сретнале со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и адвокатот Тони Менкиковски, кој го предводи преговарачкиот тим на опозицијата. Тие разговарале за Законот за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО, но се договориле да не излегуваат со детали во јавноста додека да се постигне некаков договор јавува Плусинфо.

Денеска додека портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов држеше прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во позадина се слушаше песната „Слушам кај шумат шумите“.

Претставите на театарската трупа „СДСМ-ДПМНЕ“ продолжуваат…



Слични Објави