| |

ПОЧИНА ЖЕНАТА ШТО БЕШЕ ПРЕГАЗЕНА ВЧЕРА ВО АЕРОДРОМ

ЦРНА ХРОНИКАПочина жената што беше прегазена вчера во АеродромОбјавено пред 5 минути – 23 декември, 2019Од Макфакс

Почина жената која вчера напладне беше прегазена од возило на улицата „Методија Шаторов – Шарло“ во скопската населба Аеродром.

Полицијата јави дека се работи за жена од Скопје, на возраст од 74 години, а до возилото управувал 22-годишен скопјанец, со иницијали И.А..

Жената по незгодата со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде синоќа починала.

Известен е Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: Макфакс



Слични Објави