„Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот ТобогоДенеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати. Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.Роден е во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година.Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување
Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен
“, стои во соопштението на официјалната facebook страна на зоолошката градина во Скопје.
loading...