| |

Под патронатот на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во Шумен беа одбележани 175 години од основањето на првиот бугарски симфониски оркестар

Потпретседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова, беше патрон на свечениот концерт во Шумен по повод 175 години од основањето на првиот бугарски симфониски оркестар. Настанот, организиран од Народното читалиште „Добри Војников – 1856“ и Симфониетата Шумен, со поддршка на Општина Шумен и се одржа под покровителство на потпретседателката.

Во своето обраќање пред присутните, Јотова нагласи дека Шумен е град со длабоки културни корени и духовна традиција:
„Горди сте, жители на Шумен, затоа што во вашата генетика е вграден стремежот кон знаење, култура и духовност. На оваа територија се роди нова христијанска цивилизација – словенската, а духовната империја Бугарија остави траен печат надвор од своите тогашни граници. Токму тука, за време на Преродбата, се зајакна бугарската државност и се роди модерната бугарска држава.“

Јотова подвлече дека уште пред 175 години, во време на ропство, бугарите во Шумен успеале да го зачуваат својот дух и преку европската култура и вредности да ги постават темелите на оркестарската уметност во Бугарија.

„Четвртина век пред Ослободувањето, визионери вложија во културата, уметноста и образованието – вредности што остануваат темел и денес“, истакна таа.

Вицепретседателката нагласи дека Народното читалиште „Добри Војников – 1856“ е жив доказ дека читалиштата не припаѓаат на минатото, туку со нов лик и мисија продолжуваат да го чуваат бугарскиот идентитет и во 21. век.

Претседателот на читалиштето, Анатоли Стоjaнов, ѝ се заблагодари на Јотова за поддршката во процесот за добивање статус на културно наследство од национално значење, како и на Министерството за култура. Вицепретседателката возврати со благодарност до министерот за култура Маријан Бачев за активното залагање во оваа насока.

Претходно, Јотова имаше средба со управниот одбор на читалиштето, каде беа разгледани потребните чекори за реновирање на зградата и реставрација на најстарата театарска завеса во Бугарија.



Слични Објави