(Поезија) Ангелите на Бугарија

Пишува: Филип Јовановски

О, вие ангели на Бугарија,
Бродови бели што сте во разбранувани мориња,
и бикови што трчаат кон црвени знамиња,
О, вие ангели на Бугарија, љубовници, што сте,
за рака што се држат и со нос што се галат,
ноќе кога црвени огнови по шеталиштата се палат,
О, вие, пеперутки бели, мед што пијат и кон ѕвездите што летаат
О, вие ангели на Бугарија, цветови златни што сте во соништата, и во виденијата ,
чеда ли сте на поезијата ?

Слични Објави