ПОНЕДЕЛНИК 25 МАЈ НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Министерството за труд и социјална политика соопштува 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
Понеделник, 25 мај е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика им ги честита празниците на граѓаните.