Поранешниот француски претседател Никола Саркози осуден на пет години затвор
Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, денеска беше осуден на пет години затвор, јавува агенцијата Франс прес, пренесува БНР.
Парискиот кривичен суд го прогласи Саркози за виновен за злосторничко здружување во случај поврзан со милионски нелегални финансии добиени од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи за успешната претседателска кампања во 2007 година.
Обвинителството тврдеше дека Саркози, кој постојано ги негира обвиненијата, уште во 2005 година – кога бил министер за внатрешни работи – постигнал договор со Гадафи. Според нив, тој прифатил финансирање на неговата изборна кампања во замена за поддршка на тогаш меѓународно изолираната либиска влада.
Саркози беше ослободен од сите останати обвиненија.
