ПОРОБУВАЧИ И ОСЛОБОДУВАЧИ
За време на Османското ропство подигнати се безброј неуспешни буни и востанија за слободата на Македонија. Конечно во Првата Балканска војна 1912-1913 година Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора успеваат да протераат османлиите од нашите простори. Според предходниот договор на сојузниците, на територијата на Вардарска Македонија дејствува српската армија. И тука е првиот парадокс – македонските револуционери и борци за слобода, не се борат рамо до рамо со србите на македонскиот фронт, туку масовно се вклучуваат во редовите на бугарската армија. 15000 ополченци (доброволци) војуваат на Одринскиот фронт и многу од нив ги оставаат коските на полињата на Источна Тракија. Се поставува логично прашање зошто не се борат во Македонија, туку далеку од неа? Одговорот е јасен, затоа што се чувствувале Бугари.
По завршувањето на војната и “ослободувањето” на Македонија, српските власти заведуваат режим на терор со цел да се србизира локалното население. Незадоволството и отпорот резултира со две востанија, Тиквешкото во јуни 1913 и Охридско – Дебарсктото во септември истата година. Жртвите се илјадници, да споменам само дека во Ваташа се убиени 40 селани.
1915 година Бугарија се вклучува во Првата светска војна на страна на Централните сили. Ноември 1915 г. во Охрид на чело на бугарската армија влегува “окупаторот”, генерал Климент Бојаџиев, од стара охридска фамилија. Рамо до рамо со него се Петар Чаулев, еден од водачите на Охридското востание, Ангел Узунов (брат на војводата Христо Узунов) и други патриоти. Романсата трае кратко – до 1918 година.
Со крајот на Првата светска војна и со Версајскиот договор, територијата на денешна Република Македонија влегува в рамките на кралството СХС. Репресалиите во таканаречената Јужна Србија се невидени, непослушните се убиваат, а сите без исклучок на крајот од презимето се должни да додадат – ИЌ. Црната статистика вели дека се убиени 14000, а 300000 станале бегалци. Геноцид!!!
Април 1941. Бугарскиот “окупатор”е дочекан со цвеќе, песни и веселби. Охридското село Велгошчи е познато по одгледување на черешни. Кога бугарската армија влегла во Велгошчи, момите ги кителе војниците со цвеќе. Арно ама цвеќето не стигнало, па девојките кршеле гранчина од расцутените черешни. И до денешен ден останал мајтап: З’шчо ’41 во Велгошчи не родија черешните? Ушче еден момент – заедно со бугарските административни власти 1941 г. во родниот Охрид се враќа Кирил Прличев, синот на Григор Прличев. Под негово раководство (директор е на охридскиот музеј) е откриен гробот на Климент Охридски.
1944 г. новите власти по налог на Темпо проценуваат дека во Македонија има многу бугарофили и дека треба да се елимираат како антидржавни елементи. Во јануар 1945, во таканаечената Македонска крвава коледа извршени се масовни убиства во Куманово, Велес и на други места. И за се да биде легално смртните пресуди се донесени пост мортем.
Да завршам со древната сентенца:
“Историјата се пишува од победниците” и со мислата на Николо Макијавели:
“Оние што победуваат, како и да живеат, никогаш не се срамат од тоа”.
Автор: Љупчо Куртелов
