Посетата на Столтенберг – најава за отворање на вратите за НАТО

//

Посетата на Столтенберг – најава за отворање на вратите за НАТО

Генерален секретар на НАТО по речиси четири години доаѓа во посета на Македонија. Јенс Столтенберг вечерва пристигнува во Скопје, а утре ќе има средби со највисокиот државен врв и ќе се обрати пред пратениците во македонското Собрание, јави МИА.

И без разлика на пораката, која што ќе ја испрати до македонските власти и граѓаните, самата негова официјална посета на земјава, во овој исклучително интензивен период на внатрешен, но и надворешно-политички план за Македонија, е порака сама по себе.



Македонија интензивирано и забрзано работи на решавање на спорот со Грција за името, кој е препрека за европската и евроатлантската интеграција. За денеска е закажана нова рунда преговори во рамки на нивното обновување по тригодишниот застој. Владата работи и на реализација на Планот 3-6-9 за спроведување на реформите, кои се потребни во насока на демократизација на земјата и воспоставување на владеењето на правото. (Прочитајте го целиот напис овде)

Претходна статија

Јункер: Бугарија е инспирација за земјите од Западен Балкан

Следна статија

Никола Димитров: Јас сум оптимист со грижи

Најново од Вести