Постудено утро, a преку ден сончево со температури до 24 степени

/

Времето утрово постудено, а потоа ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 22 степена.



Во недела и во првите два дена од следната седмица ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст. Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.

Извор: Темите

Претходна статија

„Многу позитивен знак“, вели Ќучук за посетата на високи функционери во Македонија

Следна статија

Македонци живеат во 170 земји во светот, ги има и во Африка

Најново од Вести