В. Перев пред Дебати: Политиката на Македонија е антиевропска и проруска

//

Дебати: Што им кажа Урсула фон дер Лајен на Македонците за време на својата посета во Скопје- дел од нејзината обиколка на Балканот?

Перев: Урсула фон дер Лајен не беше концизна. Таа кажа некои работи кои што ги слушаме веќе 20 години-дека ЕУ ака проширување, дека не го заборавила Западен Балкан и дека внимателно ја следи ситуацијата во регионот. За Македонија и Албанија таа поконкретно кажа дека треба да се чувствуваме како дел од европското семејство. Но за разлика од друг пат сега никој не поверува во изјавите на Урсула фон дер Лајен. Дури и македонските медиуми не беа благонаклонети.

Во одредени анализи се вели дека таа е најслабиот европски бирократ. Постои мислење дека силната позиција е изгубена поради изгубените избори во Германија и повлекувањето на Ангела Меркел. Тоа значи дека таа останала без својата најсилна поддршка. Станува јасно дека ЕК и нејзиниот претседател не можат да ги решат проблемите не само на Македонија туку и проблемите на земјите од Западен Балкан.

По неа дојде и комесарот за проширување Вархеји, кој не спомна ни збор за проширувањето. Напротив, тој говореше за организација, за финансиско-инвестициски развој и поддршка. Целата таа ситуација околу приклучувањето на земјите од Западен Балкан, личи на евтин турски серијал, полн со тажни моменти, безумно насилство и психолошки терор. Тоа се гледа како трагедија од минатите векови што се пренесува и до сегашноста. Но ние овде не сакаме да ги научиме лекциите. Официјално веќе никој не зборува што треба да се направи за владеењето на законот, за правдата, за финансиската стабилност, за демократијата во медиумите и во политиката и за односот кон соседните земји. Се зборува само за тоа дека сме биле неправилно отстранети од процесот на проширување и дека ни се продаваат илузии за тоа дека еден ден ќе бидеме примени. Тоа е еден дел од плачливите коментари. Вториот дел е очигледната омраза на македонските медиуми кон Бугарија и делумно кон Романија. На пример, со тврдењата дека тие земји не заслужувале да станат дел од ЕУ, дека направиле раскол во Унијата во однос на политиката на проширување. Се тврди дека по влегувањето на Бугарија и Романија во ЕУ, Европа ги разбрала проблемите кои би ги имала и затоа го запрела процесот.

Дебати: Од Европа доаѓаат различни сигнали за тоа дека земјите од северот на Европа не се ентузијаризирани во однос на примањето на Албанија и Македонија во ЕУ. Најмалку поради тоа што се плашат од внесувањето на балкански проблеми. Се пишува ли за тоа во македонските медиуми?

Перев: Македонската влада и македонските медиуми немаат храброст да ги нападнат Данска, Норвешка и Холандија како нацистички или фашистички земји кои би имале за цел да направат поделба во Унијата. Говорат за тоа дека и таму има одредени резерви кон влезот на Македонија и Албанија во ЕУ и за сето тоа се криви Бугарија и Романија, кои покажаа дека во Европа се влегува со балкански менталитет, па сега Унијата по своето неславно искуство со тие две земји, сака да се заштити.

Со неколку зборови Бугарија е виновна за сите несреќи на Македонија. Никој не зборува за тоа дека Италија исто така е против влезот на Македонија, но не и против влезот на Албанија. Француската политика исто така секогаш била против Македонија и Албанија дури и против Бугарија во однос на влезот во ЕУ. Целта на Французите е в ЕУ да влезат Србите со цел да станат лидери во регионот, а потоа да се претворат во мост за секретни договори меѓу Франција и Русија.



Не Бугарија, туку Србија ќе биде вистинскиот тројански коњ во ЕУ.

Дебати: Остава впечаток дека во последниот месец тонот на Македонија кон Бугарија станува се поагресивен како во политиката така и во медиумите, посебно по прифаќањето на црвените линии во вашиот Парламент. На што се должи тоа непријателство?

Перев: Македонија нема да отстапи од своите црвени линии. Тие се тотална спротивност на позициите на бугарскиот Парламент во однос на приемот на Македонија во ЕУ и условите што Македонија треба да ги исполни кон Бугарија. Веќе подолго време во Македонија се гледа зголемување на проруската кампања. Истата се реализира преку медиуми, преку дипломати, преку образованието и спомениците. Поголемиот дел од Македонците сакаат да се идентификуваат со борбата против фашизмот. Но ако гледаме објективно на работите поголемиот дел од Македонците биле на страната на фашизмот во рамките не други армии. Во моментот меѓу бившите борци и нивните потомци нема ниту еден работник. Сите се на високи функции во администрацијата и во политиката. Безбедносните служби се полни со нивните деца и внуци. Србија е лостот што ги придвижува напред нив и руските интереси.

Дебати: Новинарите и политичарите во Бугарија сметаат дека нашата земја има интерес од влезот на РС Македонија во ЕУ. Што мислите вие, дали Бугарија има интерес или ако Македонија влезе тоа ќе стане повод за непрекинат анимузитет во рамките на Унијата каде многу полесно би биле повредени националните интереси на Бугарија?

Перев: Треба да бидеме прецизни за какво влегување се зборува. Ако Македонија е демократска земја во која владее правото и корупцијата е на ниски нивоа , тогаш таа ќе биде посакувана како член на ЕУ. Но денешна Македонија не сака да направи никакви чекори за да се подобри во очите на сопствените граѓани. Нејзината единствена позиција е да продава национализам и шовинизам. Таква Македонија не е посакувана во ЕУ. Таа ќе биде вистинскиот тројански коњ што ќе ги спроведува руските интереси. Таквите тројански коњи ги има насекаде, кај нас и кај вас. Тие сакаат за пари да ги продаваат националните и европските интереси. Македонија таква каква што е денеска заедно со Србија е антиевропска, антибугарска и проруска. Ќе се внесе национализмот во ЕУ, ќе се внесат поделбите кој бил нацист, кој бил фашист и кој е виновен за историските религиозни конфликти. Тие проблеми во ЕУ ќе влезат со Македонија и Србија. На овој фон Бугарија е демократска земја која гледа во иднината.

Овие денови патував до село Клепач, прилепско , во врска со скандалот со сменувањето на имињата на споменикот. Сакам да кажам дека за прв пат во историјата за тоа што се случи околу имињата, реакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија беше многу правилна. Секој Бугарин треба да се гордее со истата. Бугарија конечно разбра дека треба да се бори за своите интереси и за секој еден човек.

Претходна статија

Рама: Отворениот конфликт меѓу Бугарија и РС Македонија ја држи како заложник Албанија

Следна статија

Ватиканските амбиции на владиката Петар

Најново од Интервју