Потпалувачите и запалениот за бугарштината во Македонија

///

Пишува: Атанас Величков

Свети Дух (Духовден) се одбележува во Бугарија како Ден на Македонија од 20-тите години на минатиот век кога членовите на Студентското друштво „Вардар“ на 6 јуни 1923 г. отдаваат почит кон двајца војводи на ВМРО велешаните Илија Кушев и Љубомир Весов кои загинале во борба со српските окупаторски сили претходната година.

Песната Реквием на Љубен Димитров посветена на Љубомир Весов.

***

Ликот и делото на публицистот и активист на ВМРО Васил Василев се речиси непознати за пошироката јавност во РС Македониja. Нема како да биде поинаку, кога ќе се земе предвид дека гласноговорникот на Македонската пратеничка група во бугарскиот парламент бил на цврсти михајловистички позиции, а самиот Иван Михајлов пишува во своите спомени за него дека бил најпрепознатлив лик меѓу бежанците од поробена Македонија во Петрич и околината, бидејќи активно работел за нивното сместување на слободна територија во границите на Царството Бугарија. За родениот во селото Емборе во близина на градот Кајлјари Егејска Македонија, активист на ВМРО, друг голем михајловист Стојан Бојаџиев ќе рече дека бил „најдобриот оратор што некогаш го слушнал“.

Василев завршува трговска гимназија во Солун. Работи како банкарски службеник и кооперативен деец. Се вклучува во активностите на легалните македонски организации во Бугарија заедно со Крсте Велјанов, Јордан Чкатров и Симеон Евтимов. Долги години е претседател на македонската младинска организација во Варна. Во јануари 1923 година е избран за сојузен агитатор на централното раководство на Сојузот на македонските младински организации, а следната година – на Сојузот на македонските братствa.

Во 1927 година влегува во Националниот комитет на македонските братство. По убиството на генералот Александар Протоѓеров во 1928 година, заедно со Константин Станишев, Велко Думев, М. Димитров застанува против Георги Кулишев, кој ги поддржува протогеровистите. Направен е обид атентат врз него и неговите двајца телохранители на 15 октомври 1929 година.

Во 1929 година поднесува извештај за организационо-бегалските активност на VII редовен конгрес на сојузната организација. На истиот конгрес неговиот мандат за член на НК е обновен и станува политички секретар на сојузот.

Во периодот 1931-1934 Василев е пратеник во бугарскиот парламент во Македонската пратеничка група избран од реонот на Горна Џумаја. Тој бил и гласноговорник на пратеничката група. По превратот на 19 мај 1934 година е осуден на смрт, но подоцна е помилуван. Во 1941 г. дипломира на Правниот факултет на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

По 9 септември 1944 г. и доаѓањето на комунистите на власт во Бугарија е запален жив од страна на комунистичкиот касапин и предавник на македонското дело охриѓанецот Лев Главинчев.

***

Има некаква страшна перверзија во тоа да се слават потпалувачите. Нивната лудост се запишува и осудува во и од историјата. Такви потпалувачи низ вековите биле римскиот император Нерон, шпанскиот инквизитор Томазо Торквемада, нидерландскиот комунист неадекватниот Ван дер Лубе и веќе спомнатиот погоре, но со поминорно влијание македонски ренегат, протогеровистот и комунист Главинчев. Уште поминорен во овој список со имиња изгледа најновиот херој Ламбе Алабаковски. Неговиот лик дури изгледа и трагикомичен, земајќи предвид фактот дека дури обидот за подметнување пожар во „дувлото на фашистите од Битола“ не го направил како што треба. Од глупост, која му донесе ореол на херој, за едни луѓе кои не ја знаат тежината на огнот и неговата пречистувачка моќ.



Во какво трагично време живееме… Спомените, песните, пишаниот збор на хероите како Василев, Весов, Кушев и уште многу други, мораме да ги бараме како апокрифна литература низ глобалната мрежа и старите книги, додека масата непросветлен народ прави свои нови идоли од ликови како Ламбе Алабаковски.

Поетот и комита Љубомир Весов бил убиен од српски жандарми на негови 30 години. Илија Кушев го губи својот живот на 26 г. Ламбе стана „херој“ на 34…

На Свети Дух треба да пишуваме за оние кои го дадоа својот живот за Македонија. Тоа е Денот на Македонија. Да ги спомнеме, како што повикува Весов во неговата песна „Към своите“.

Фото: Библиотека Струмски

На Свети Дух треба да ги наведнеме главите! Оти сме недостојни и неподготвени да се избориме за идеалот на тие што загинаа.

Ламбевци наспроти Кушеви, Василеви и други револуционерни фамилии… Колку бедно изгледа од страна. Новите херои наспроти оние заборавените. Забранетите!

За да бидеме докрај објективни треба да го спомнеме и фактот дека потпалувачот Главинчев бил само извршител на ѕверствата што уште му тежат на црната душа. Неговите наредбодавачи-бугарските комунисти, убиле многу повеќе чисти македонски патриоти-михајловисти во споредба со нивните другари (до 1948 г.) во Југославија. Тоа е непобитен факт, што не може да биде сменет од ниту едни напумпани бројки поврзани со трагичните настани за време на познатото Крваво Коледе во Вардарска Македонија и сите останати ѕверства извршени врз Бугарите за време на титова Југославија и после независноста од 1991 г.

Убиствата на македонските Бугари кои застанале на страната на Иван Михајлов во Бугарија започнуваат веднаш по 9 септември. Не се поштедени ниту интелектуалците. Дури напротив тие биле меѓу примарните цели… Данаил Крапчев, Рајко Алексиев, веќе споменатиот Васил Василев… списокот е долг. Овие тројца мајстори на перото и четката биле убиени од бугарските комунисти без суд и пресуда. Тоа треба да се знае и да остане запишано баш денеска кога го одбележуваме Свети Дух- Денот на Македонија.

На „новиот херој“ на денешницата Ламбе му беше одреден куќен притвор. На Свети Дух треба да ги спомнеме и оние македонски Бугари, кои за време на титова Југославија а и денеска 30 години по независноста на Македонија го живеат својот духовен притвор. Да ги спомнеме оние пред чии куќи самопрогласени патриоти собирале вжештени глави за да сеат страв. Да ги спомнеме оние, кои откако ќе разберат дека си Бугарин, шепотејќи ти велат „И јас сум…“. Да ги спомнеме оние кои „бегале“ од обележаните како Бугари и бугарофили, за да не го преживеат одново ужасот, пред нивните очи некој да им ги тепа најблиските. Треба да ја спомнеме и Спаска Митрова, неа не ја уби ракот, неа ја уби бугарофобијата што ја однесе во затвор, само затоа што сакаше да биде со своето чедо. Тоа е реалноста.

Денеска 99 години по симболичната панихида за хероите-поети-комити Илија Кушев и Љубомир Весов одржана 2 дена по Свети Дух, мораме да го зачуваме духот. Да видиме дали нѐ бидува за тоа, ние самите да си го зачуваме духот. За панахиди и самите знаеме дека ни нема рамни. На тоа поле нема што веќе да докажуваме.

Претходна статија

(Видео) Подкастот Коридор 8 со специјална емисија посветена на 100 годишнината на МПО

Следна статија

Радев на Мишел му ги повторил бугарските услови за кревање на ветото за Северна Македонија

Најново од Истакнато

Невладини организации на македонски Бугари од РС Македонија со осуда за срамниот говор на омраза кон Бугарите и Бугарија на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија во Скопје

Претставници на 10 граѓански здруженија на граѓани на РС Македонија, со бугарска национална самосвест, испратија писмо