ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА АКАДЕМИЈА ЗА УМЕТНИЧКА АКЦИЈА

Фондациите отворено општество, Центарот за уметнички активизам од САД и Центарот за современи уметности од Скопје ги повикуваат заинтересираните уметници и граѓански активисти да учествуваат на Академијата за уметничка акција во траење од пет дена од 15-ти до 19-ти октомври 2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина.

Академијата за уметничка акција се спроведува во рамки на двегодишна иницијатива коај се спроведува во Западен Балкан и Западна Африка, а има за цел да пренесе знаење и да ги охрабри уметниците, активистите и новинарите да бидат поефективни во нивните напори да влијаат врз ангажирањето на луѓето во врска со проблемите со корупцијата и да создадат можности за синергии низ различни теми и географии.

Кандидатите мора да бидат спремни да се посветат на целата обука во времетраење од пет цели денови плус време за патување. Сите трошоци (патни билети, сместување и оброци) ќе бидат покриени од Фондациите отворено општество.

Детални информации за обуката и условите за конкурирање се достапни во целосната објава тука.



Пријавувањето се врши по електронски пат, а крајниот рок за пријавување е 23 август 2019 година. Избраните кандидати ќе бидат известени до 13 септември 2019.

Извор: Радио МОФ

Претходна статија

СО КОНЦЕРТ НА „ТАНЕЦ“ ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА „СКОПСКО ЛЕТО“

Следна статија

„ПОСЛЕДНА ГРАНИЦА – КНИГА ПРВА: ИСТАПЕНИ СЕЧИЛА“ НАЈНОВИОТ НАУЧНОФАНТАСТИЧЕН РОМАН ОД ЗОРАН МИЛОШЕВСКИ

Најново од Култура