|

Вицепремиерката задолжена за борба со корупцијата: Дека ќе ја сведеме на нула, тоа никогаш нема да биде можно

Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, задолжена за борба против корупцијата, посочи дека корупцијата никогаш нема да ја снема. Според неа, Владата се бори за да им покаже и на младите, а со тоа да ги одврати од иселување, дека корупцијата се искоренува чекор по чекор.

„Никој нема илузија дека тие работи можат преку ноќ ќе се сменат. За жал, тоа се работи кои не можат да се изменат преку ноќ. Сите активности кои ги правиме, станува збор за прогрес чекор по чекор. Тоа не треба да не обесхрабрува туку да ги интезивираме чекорите и да бидат позабрзани. Тоа не е прашање на еден кабинет, една Влада. Тоа е поединечна обврска. Не треба да нѐ обесхрабруваат обидите, бидејќи корупција има, а предизвикот е да ја сведеме на минимум можно, оти имаме обврска да изградиме здраво општество. Дека ќе ја сведеме на нула, тоа никогаш нема да биде можно, ниту пак, во било која држава е тоа возможно“

Таа посочи дека активности има и во координација со другите институции.

Слични Објави