| |

СТОИЛКОВСКИ: КОСТАДИНОВ НАМЕСТО ДА ПРАШУВА ЗА ГРУЕВСКИ, ДА КАЖЕ КАКВА Е НЕГОВАТА ПОВРЗАНОСТ СО БОКИ 13

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски во Унгарија разговараа со премиерот Виктор Орбан за внатрешните проблеми во Македонија и за односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата на унгарскиот премиер“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој го повика портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, наместо да прашува дали Мицкоски се сретнал со Груевски, да ја објасни својата поврзаност со Боки 13 и неговата невладина организација „Меѓународен сојуз“, која е вмешана во случајот „Рекет“.

Стоилковски изјави пред новинарите дека очекува Обвинителството да постапи по допрен глас во однос на аудио-бомбата која ја презентираше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Игор Николов, на која се слуша разговор меѓу лидерот на СДСМ во Прилеп, Миле Талески и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во кој министерот му укажува на локалниот лидер на СДСМ дека сите нововработени треба да се заложат и да работат за победата на Стево Пендаровски на претседателските избори.



Слични Објави