Позната ли ни е оваа страна на Бранислав Нушиќ?
Пишува: Љупчо Куртелов
Бранислав Нушиќ, српски писател, всушност влав Алкибијад Нуша чии корени се од битолско, е доста популарен на нашиве географски широчини како автор комедиограф.
Не е многу познато дека во ноември 1912 година е назначен за областен управител од српските окупационни власти во Битола со основна задача да го србизира локалното население.
Да спомнам еден случај публикуван од историчарот Димитар Гоцев во неговата книга: “Национално-ослободителната борба во Македонија 1912-1915”. Кога верниците присуствуваат на неделна света литургија, Нушиќ наредува црквата да биде опколена со наоружани војници.
На влезната врата поставува маса и им наредува на сите кои излегуваат од храмот да го запишат своето име и презиме со тоа што завршетокот да биде на ИЌ. Кога една баба го напишала своето “ново” име под вперените кон неа пушки, со солзи во очите прокоментирала: “СЕ ПОТУРЧИВМЕ”!
Позната ли ни е оваа страна на Нушиќ?