ПРАТЕНИЧКАТА ОД БУГАРСКОТО ВМРО-БДН, МАРИЈА ЦВЕТКОВА: НА СВЕТОТ МУ СТАНА ЈАСНО ДЕКА КИРИЛИЦАТА Е БУГАРСКА АЗБУКА

//

Пратеничката од владејачката ВМРО-БДН, Марија Цветкова, по прогласувањето на 24.Мај за „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“ изјави дека Македонија и Бугарија се две држави, но еден народ.

-Никогаш не престанавме да и подаваме рака на Македонија. Бугарија ја призна независноста на Македонија пред 30 години со цел да добие независност од Југославија. Бугарија направи се што е можно за да можат другите земји да ја признаат. Со промената што ние од ВМРО и „Обединетите патриоти“ ја предложивме во Законот за работни на светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука. Со промена на словенското писмо со бугарско во името на празникот, ние му даваме тежина на бугарското писмо. Покажуваме дека кирилицата е основа на словенската литература.

Цветкова ова го изјави во програмата „Теми“ на ТВ Европа, нагласувајќи дека не се откажуваат од  од делото на светите браќа Кирил и Методиј.



-Тие не беа присутни во формулацијата на празникот. За прв пат тие постојат во неа, затоа покажуваме почит кон нивната работа. Формулацијата помеѓу првото и второто читање се смени, благодарение на дискусиите со научниците и претставниците на Бугарската академија на науките, рече Цветкова.



Претходна статија

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ВАКЦИНИ ЌЕ ЗАРАБОТАТ 32 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ САМО ВО 2021ГОДИНА

Следна статија

ЗАЕВ: НОВИНАРИТЕ И ПРАТЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВААТ КАКО ЕДНАКВО ОШТЕТЕНИ ЗА „27 АПРИЛ“

Најново од Вести