Пратениците влегоа во АНБ, утре ќе извршат надзор и во АР
Пратениците со безбедносни сертификати влегоа во Агенцијата за национална безбедност, јавува ТВ 24.
Опозицијата со над 30 прашања меѓу кои и клучното да се направи декласификација на прислушуваните материјали откако власта обвини дека претходното раководство на Агенцијата во периодот од 2019 до 2024 година го прислушувала премиерот Христијан Мицкоски, тогашен опозициски лидер, новинари и бизнисмени.
Членовите на Комисијата утре ќе извршат надзор и во Агенцијата за разузнавање.